Се чистат непроодните патишта во Старо Нагоричане
10.03.2015 11:01
| KumanovoNews
Од вчера со механизација се расчистуваат завеаните патишта во општина Старо Нагоричане.
Втор ден се отсечени планинските села Малотино, М'гленце, Жегљане, Длабочица, Рамно, Арбанашко и Цветишница.
“Два машини се отидени на терен, а уште две сега ќе излезат. Очекуваме помош во механизација и од Регионален центар за управување со кризи. Со машини ќе се работи на пробивање на снегот. Откако падна снег, планинските села се завеани“- вели Давор Арсиќ од општина Старо Нагоричане.
Висината на снегот во овие села е над 35 цм.