Мени

Се деминира теренот во Тоде Мендол

10.05.2015 18:28 | KumanovoNews

Две силни детонации се слушнаа вечерва од населбата Тоде Мендол.

Се деминира теренот во Тоде Мендол

Извори од полицијата кажуваат дека специјални екипи ги активираат мините што ги поставила вооружената група. Пред активирањето на експлозивните направи, хелихоптер го надлетуваше теренот. Во моментот на експлозиите во населбата снемала и струја.

Поради опасноста од поставени мини, полицијата сеуште не дозволува граѓаните да се вратат во нивните куќи.