×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на „Водовод“ на протест, бараат услови за хумано живеење откако почна да се гради нова зграда

    29.09.2023 15:58 | Сузана Николиќ

    Педесетина станари од локалитетот „Водовод“ во Куманово, синоќа одржаа мирен протест на ул. „Фетка Наскова“, револтирани што инвеститорот на стамбената зграда која почна да се гради минатата недела, не ги почитува мерките за безбедност во сообраќајот. Тие тврдат дека откако почнале градежните работи по нивната улица поминува тешка механизација, која ја загрозува нивната безбедност.

    Жителите на „Водовод“ на протест, бараат услови за хумано живеење откако почна да се гради нова зграда

    „Откако почна изградбата немаме мир. Тука постојано поминуваат багери, кои ја оштетуваат и така тесната улица. Загрозена е безбедноста и на луѓето и на имотот.  Не смееме да ги пуштиме децата сами да излезат пред зграда. Бараме да се преземет потребните мерки за зашита, бидејќи дознавме дека инвеститорот нема одобрение да ја користи нашата улица при градба со тешка механизација“, велат револтирано жителите.

    На состанокот присуствуваа и претставници од месната заедница „Панче Пешев“, кои заедно со станарите ќе поднесат барање до Општина Куманово да се изврши увид дали инвеститорот ја има потребната документација и дали ги почитува законските обврски.

    „Истовремено ќе побараме информација од Секторот за урбанизам да ни кажат уште колку згради се предвидени по Деталниот урбанистички план (ДУП) да се градат на ул. „Фетка Наскова“. На овој простор нема парк, нема зелена површина, зградите се залепени едни до други, нема ни доволно паркинг простор, нема кај да се мрдне. Едно од ветувањата на локалната власт беше дека ќе се ревидираат урбанистичките плановите каде што нема услови за хумано живеење. Ако тоа го прават во другите делови на градот тогаш нека го применат истиот аршин и овде“, велат од месната заедница.    

    Доколку не се постапи по барањето, станарите најавуваат дека ќе ја блокираат улицата.