Мени

Се исплаќа образовниот додаток за вториот мерен период

27.02.2026 17:26 | KumanovoNews

Министерството за  социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2025/2026 година.

Се исплаќа образовниот додаток за вториот мерен период

„Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година“, соопшти МТСП.