Се излеа река во Матејче, поплавени куќи и земјоделско земјиште
17.05.2017 07:17
| KumanovoNews
Силното невреме, проследено со пороен дожд, град и грмотевици, што го зафати липковскиот регион, предизвика поплави во селото Матејче.

Од надојдената буица се излеале Матејачка река и суводолиците, при што биле поплавени неколку куќи и помошни објекти, земјоделско земјиште и улиците, соопштуваат од Регионалниот центра за управување со кризи.
Откако невременто поминало водата се повлекла. Штетите допрва ќе се утврдуваат.