×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се излејаа Пчиња и Крива Река

    23.01.2015 16:37 | KumanovoNews

    Попладнево се излеја реката Пчиња кај Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце, а Крива Река поплави ниви во селата Клечовце, Јачинце и Довезенце.

    Се излејаа Пчиња и Крива Река

     Екипите за расчистување на речните корита во општина Старо Нагоричане се на терен, потврдуваат од Регионален центар за управување со кризи.

    “Меморијалниот центар АСНОМ веќе е поплавен и таму се работи со машина за расчистување на речното корито, како и кај мостовите во селата Враготурце, Коинце и Стрновац. Делот кај мостовите е затнат со дрвна маса, и тоа треба да се расчисти за да водата биде апсорбирана по течението. Крива Река засега се има излеано во селата Клечовце, Јачинце и Довезенце“ - рече Горан Стојановски од РЦУК.

    Ако и во текот на ноќта врне, се очекуваат поплави во селата Шупли Камен,  Пчиња и Студена Бара.