Мени

Се намалуваат цените на горивата

14.04.2026 13:34 | KumanovoNews

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6 април, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ).

Се намалуваат цените на горивата

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС – 95 –      82 денари/литар, Еуросупер БС – 98 – 84 денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) – 95,5  денари/литар, масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) –  96,50  денари/литар и мазут М-1 НС – 49,227 денари/килограм.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер се намалуваат за 1,50 ден/лит, а на Еуродизелот за 2,50 ден/лит.