Се очекуваат обилни врнежи од дожд
Обилни врнежи од дожд до 20 литри на метар квадратен се очекува да наврнат денеска, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

Врнежливото време проследено со грмежи и ветер ќе потрае и во наредните денови.
“Под влијание на циклонска активност во Медитеранот, до сабота ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. Во четврток и петок пообилни врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат и со пороен карактер, проследени со грмежи. Во овие два дена се очекува на места да наврнат и над 30 л/м2. Врнежи од снег ќе има на повисоките планини, а потоа само на највисоките планински врвови“ - вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар во УХМР.
Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер.