Се одржа крводарителска акција во Кумановската полиција
18.10.2018 15:31
| KumanovoNews
Шеесетина единици крв се собрани на денешната крводарителска акција во СВР Куманово, на која учествуваа припадници на полицијата.

- Согласно годишниот план и програма за крводарителски акции на организационите единици во МВР ова е трета по ред крводарителска акција, која воедно и последна за оваа година, - соопштуваат од СВР Куманово.
Акцијата е ја спроведе Институт за трансфузиона медицина Скопје - трансфузиологија Куманово и Црвен крст.