Се оградува училиштето “Киро Бурназ“
02.07.2015 15:20
| KumanovoNews
Со средства од општина Куманово се оградува дворот на Земјоделското училиште “Киро Бурназ“.
Директорката Весна Трајковска вели дека откако ќе се направи оградата, училиштето ќе добие нов лик и само учениците ќе можат да влегуваат во дворот.
Се прави бетонска и железна ограда, ќе има и капија. Нема да може секој да има пристап до училиштето. Кога ќе влезат ученици, или ученички автобус во дворот, капијата ќе се затвори - вели Трајковска.
Таа додава дека од понеделник Министерството за образование ќе почне со реновирање на сите тоалети во училиштето, а дворот ќе се уредува преку поектот на УСАИД “Градиме мостови“. Процедурата за овој проект е во тек и се чека тендерската документација.

