Се отвара изложбата “Фото фокус 2012“
12.07.2012 07:47
| KumanovoNews
Изложба на фотографии се отвара вечерва во Куманово во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

Оваа изложба е од меѓународен карактер, а ја организира ФКК “Козјак“. На втората меѓународна изложба на уметничка фотографија учество земаа фотографи од 57 земји од сите континенти. Публиката ќе може да ги види фотографиите кои се наградени и влегле во потесниот избор како најдобри.
Отварањето е вечерва во 20 часот. Изложбата ќе трае до 25 месецов.