Се подготвува “Пивтијада 2015“
Интензивно се подготвува кулинарската манифестација “Пивтијада 2015“, која на 19 јануари, на празникот Водица ќе се одржи во ресторан “Грација“.

Новина на овогодинешниот избор за најдобра пивтија е тоа што покрај домаќинките ќе се вклучат и рестораните од градот. Традиционално ќе има богата културно - уметничка програма, а манифестацијата ќе ја отворат децата од градинката со Божиќна песна.
“Подготовките се почнати уште од пред Нова година, но од вчера работиме поинтензивно. Кумовитес е избрани и оваа година ќе бидат Божо Стефановски, дистрибутер на Јелен пиво и Ивица Костовски, актуелен советник во Советот на општина Куманово. Како и предходните години ќе се дружиме и ќе дегустираме пивтии, војничко гравче со ребра. Очекувам празникот да ни помине во една убава атмосфера“ - рече Зоран Павловски, претседател на Здружението Карпино, организатори на манифестацијата.
Манифестацијата “Пивтијада“ се одржува 13 - та година по ред и ќе започне во 12 часот.