Се подготвува сцената за одржување на Фолклорна смотра
Се прават последните подготовки и се поставува бината на градскиот плоштад, за одржување на вечерашњата манифестација Фолклорна смотра, на која ќе учествуваат 300 играорци од шест културно-уметнички друштва од градот.

Манифестацијата ја организира Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, со поддршка на градоначалникот и Советот, е во чест на одбележување 500 години Куманово.
На концертот ќе учествуваат културно-уметничките друштва „Панче Пешев“, „Карпош“, „Етно фолк студио“, „Бајрам Шабани“, „Рушит Шакир“, „Српски вез“ и „Срма“, со песни и ора од своите етнички заедници.
Почетокот е во 19 часот, а предходно ќе се одржи дефиле низ кумановските улици.