Се поставуваат семафори кај Жмара
Крстосницата на улиците „Октомвриска револуција„ и „Пионерска„ наскоро ќе добие семафори. Од вчера започна поставувањето на металната конструкција на тротоарите, по што ќе се намести хоризонталната и вертикална светлосна сигнализација.

Граѓаните велат дека семафорите на оваа раскрсница требаше одамна да се постават, бидејќи е црна точка на булеварот, каде често се случуваат сообраќајни несреќи.
Редно беше. Овде има голема фреквенција на возила. Најчесто се удираат затоа што сите брзаат. А ние пешаците не сме сигурни. Вака ќе има некаков ред, -вели една кумановка.
Поставувањето на семафорите на раскрсницата започна на есен, кога беа проширени улиците и се доведе електрична мрежа, но беа прекинати поради временските услови. Градежните работи ги изведува фирмата „Електро софт инжинеринг„ од Скопје. За таа намена Општината извои околу 3 милиони денари. Семафорите би требало да бидат пуштени во употреба до Први мај.
Надлежните најавуваат дека со поставување на семафорите ќе се воведе зелен бран на булеврот, и со тоа ќе се спречи сообраќајната гужва, а ќе се зголеми безбедноста на пешаците и возачите.