×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реконструира регионалниот пат Куманово- Свети Николе

    14.08.2019 11:34 | KumanovoNews

     Во тек е реконструкцијата на регионалниот пат Куманово - Свети Николе во должина од 42 километри.

    Се реконструира регионалниот пат Куманово- Свети Николе

    Овој патен правец е единствената врска на Куманово кон источниот дел на земјата и се наоѓаше во катастрофална состојба. Вредноста на проктот е 2,9 милиони евра, обезбедени преку Европската банка за обнова и развој.

    „Кога прашав кога последен пат овој пат е чепнат ми беше речено од времето на Тито. Значи 50 години никој овие патишта не ги погледнал. И друг пат имам кажано не е лошо да се градат нови патишта, но тоа не значи дека треба да ги заборавиме старите патишта да ги оставиме на забот на времето“, - изјави Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, извршија увид во активностите на лице место во селото Орашац.

    Реконструкцијата започна во јуни и досега целосно се завршени 10 километри, на 15 километри е заменет прв слој на асфалтот и од следната недела отпочнува со целосно поставување на вториот слој и на останатите 32 километри.

    „Иако рокот на реконструкцијата е планирано до пролет изведувачите ни рекоа дека ќе се потрудат оваа градежна сезона сите 42 километри да ги завршат, - информираат надлежните.

    Министерот Сугаревски рече дека во моментот во целата држава се работи на 550 километри патна мрежа, а планирани се уште 450 километри.

    „Задоволни сме од динамиката која се одвива во моментот за изградбата на патната инфраструктура. Она што на почетокот на годината го најавивме сега се исполнува, бидејќи во целата држава се работи на подобрување, реконструкција и изградба на патната инфрасруктура. Во Куманово се инвестираат околу 60 милиони евра, на дел во патната и дел во комуналната инфраструктура“, - изјави министерот.

    Во Североисточниот регион со реконструкција се опфатени патишта во должина од 120 километри,  делници Куманово- Опае, Пелинце- Старо Нагоричане, Куманово- Никуштак, а во наредниот период ќе се отпочне со работа на меѓународениот пат Крива Паланка- Ранковце,  Страцин - Ранковце, Куманово- Страцин.

    Градоначалникот Димитриевски е задоволен што годинава има сериозни капитални инвестиции во Куманово.

    „Во Куманово вакви инвестиции немало во изминатиот период и ја охрабрувам Владата да продолжи така“, - изјави Димитриевски.