Се реновираат тоалетите во Општата болница Куманово
13.03.2015 11:06
| KumanovoNews
Се реновираат тоалетите и санитарните јазли во Општа болница Куманово. За таа намена ќе бидат потрошени 7 милиони денари.

“Се работи за проект кој ќе го реализираме од сопствени средства, а ќе се обноват сите тоалети во болницата. Се работи за над 2000 квадратни метри површина. За две до три недели целата работа ќе се заврши,- вели директорот Ариф Љатифи.
Директорот најави дека наскоро во кругот на болницата ќе се гради паркинг за потребите на вработените и пациентите.