Се спасуваа давеници од Липковка
Двајца давеници беа извадени од водите на реката Липковко, а уште на дваесетина лица, меѓу кои и бремени жени им беше пружена медицинска помош на брегот на реката, по нејзиното ненадејно надоаѓање, што предизвика големи поплави.
При вадењето на давениците, покрај нуркачите со чамец учествуваа и пожарникарите,а повредените со возила на Брза помош беа пренесени во Кумановската болница.
Ова беше симулативна вежба – поплава со повредени, давеници и повредени бремени жени, во огранизација на Општина Куманово, Регионален центар за управување со кризи (РЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување, Министерство за здравство, МВР, ТППЕ Куманово, Светска здравствена организација и Фондот за население на Обединети Нации, која се одржа денска во Куманово од 12 до 13.30 часот.
Вежбата ја следеше и министерт за здравство Венко Фипипче.
Одлична симулација, одлична организација. Иницијалните мерења покажуваат дека сме неколку минути пред тајмингот, така да тоа е доказ дека имаме спремни служби кои можат да излезат на терен и да пружат здравствена заштита таму каде што е нанеопходно, во ваква кризна ситуација, - изјави министерот Филипче.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриeвски е задоволен од професионалноста на општинските и државни служби.
Денешната вежба покажа дека ние сме подготвени да се справуваме со вакви ситуации, но секако не ги посакуваме. Да нема потреба да реагираме никогаш вака, но мора службите да бидат подготвени, - изјави Димитриевски.
Високиот претставник на Светската задравствена организација во Македонија, др. Џихане Тавила, вели дека ниту една земја не може да тврди дека е заштитена од итни состојби и катастрофи, било да се поплави и земјотреси или кризни состојби со раселени лица и бегалци.
Македонија неодамна беше сведок и на двете. На голем прилив на бегалци во 2015 година и полавите во 2016. И двата настани ја чинеа животи Македонија, ја чинеа имоти, богатство и оптоварување на здраветсвениот систем. СЗО активно работи со Министерството за здравство за зајакнување на националните капацитети и функции во областа на подготвеноста и одговор на кризи за сите опасности, истотака и за спроведувањето на Меѓународниот здравстевн правилник, вклучувајќи и подготвеност и безбедност на болните, - изјави Тавила.
Иако локалните медиуми вчера известија за вежбата, сепак сирените во градот ги загрижија кумановци, кои се јавуваа до медиумите и во МВР да прашаат за што се работи, претпоставувајќи се дека се случила голема несреќа, поради која се ангажирани сите служби.