Се удави момче во реката Пчиња
18.08.2019 20:09
| KumanovoNews
Петнаесетгодишно момче од селото Љубодраг попладнево се удавило во реката Пчиња во селото Шупли Камен.

Несреќата се случила во 16.15 часот, кога детето заедно со своите другарчиња влегло да се капе во еден од вировите, длабок 3,5 метри. Притоа го повлекла водата пропаднало на дното и не се вратило на површината.
Луѓето кои биле со него се обиделе да го пронајдат, но безуспешно. Веднаш била известена полицијата која пристигнала на лице место и заедно со мештаните ја започнала потрагата.
По еден час било извадено безживотното тело на несреќното момче.
Увид на лице место извршила полицијата и јавен обвинител.