Се укинува екстерното тестирање
31.05.2017 12:41
| KumanovoNews
Годинава нема да има екстерно тестирање, најави денеска идната министерка за образование Рената Дескоска.

Дескоска рече дека е одблокирана работата на Собранието и екстерното тестирање ќе биде ставено на дневен ред.
„Утре на дневен ред на собраниската седница ќе се најдат три закони со кои што ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта“, изјави Дескоска на прес-конференција во Собранието.
Денеска до полноќ треба да биде избрана владата на мандатарот Зоран Заев.