×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се воведува кризна состојба, со приватните болници ќе управува државата

    19.11.2020 15:44 | KumanovoNews

    Советот за безбедност ќе и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија во траење од 30 денови, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, на кој се дискутираше за состојбата со пандемијата на ковид-19.

    Се воведува кризна состојба, со приватните болници ќе управува државата

    Пендаровски појасни дека воведувањето ваква кризна состојба нема никаква врска со воведување полициски час, ниту какви било други рестриктивни мерки.

    - Воведувањето на кризната состојба на целата територија нема никаква врска со т.н. полициски час и евентуално воведување на рестрикции во движењето на граѓаните. Тоа е во надлежност, прво на Комисијата за заразни болести, потоа на централниот кризен штаб и се разбира на крај, на Владата, ако така процени дека е неопходно, - рече Пендаровски и додаде дека кризната состојба е неопходна заради поголема поддршка на полицијата и армијата на здравствените институции.

    Во кризна состојба Владата управува со ресурсите на органите на државната управа, на јавните претпријатија, на општините и на градот Скопје, но, тука вклучувајќи ги и трговските друштва, во овој случај приватните здравствени установи.

    -Не станува збор за национализација на приватните болници, туку евентуално за управување со нив во битката против пандемијата, се разбира таму и во тој обем во кој Владата ќе процени дека е тоа неопходно. Инаку, знаете дека приватната сопственост е гарантирана со уставот и затоа тука не станува збор за национализација или некакво менување на сопственоста, - додаде Пендаровски.

    Премиерот Заев кажа дека кризната состојба ќе биде прогласена најдоцна до утревечер.