Се вратила дома жената што беше пријавена за исчезната
21.03.2019 15:38
| KumanovoNews
Жената што минатата недела беше пријавена за исчезната, по пет дена сама се вратила дома.

Како што соопштуваат од СВР Куманово, М.Ј.(39) од Куманово, која нејзиниот сопруг И.Ј.(51) на 16.март годинава, пријавил дека се оддалечила од дома во непознат правец, вчера си дошла дома.
М.Ј. појаснила дека била во Хрватска во посочениот период.