Мени

Се запали автомобил на „Народна револуција“

26.04.2019 09:38 | KumanovoNews

Патничко моторно возило гореше синоќа на улицата „Народна Револуција“ во Куманово.

Се запали автомобил на „Народна револуција“

Пожарот избувнал во 23.30 часот, по што интервенирала противпожарната единица Куманово , со едно возило и 4 пожарникари. Пожарот бил изгаснат на полноќ.

Увид на лице место извршила полицијата која работи на откривање на причините за настанување на пожарот на возилото.

(фото-архива)