Се запали подрум во семејна куќа над Соколана
12.03.2015 11:12
| KumanovoNews
Изгоре подрум во семејна куќа на улица “Косовски бригади“, над Соколана.

Пожарот се појавил вчера околу 17 часот, но со брза интервениција на противпожарната единица не се проширил на останатиот дел на куќата.
“Подрумската просторија е со површина од 16 метри квадратни. Изгорен е инвентарот кој бил внатре и причинета е материјална штета. Огнот навреме е локализиран и не се проширил во други простории“ - вели Деан Илиевски, командир на Територијална противпожарна единица Куманово.
Висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.