Мени

Се запалил автомобил, три лица завршиле во болница

14.04.2026 22:13 | KumanovoNews

Три лица се пренесени во болница откако вдишале чад од запален автомобил на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово.

 

Се запалил автомобил, три лица завршиле во болница

„Во 23:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека настанал пожар во паркирано возило „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки“, соопшти МВР.

Лицата кои вдишале чад биле пренесени во Ургентниот центар во Куманово, каде им била укажана лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.