Семејно насилство во Куманово, ја тепал сопругата и малолетниот син
29.10.2018 07:21
| KumanovoNews
Жена од Куманово вчера по полноќ пријавила во полициска станица дека била физички нападната од сопругот.

Како што соопшти МВР, Р.Т.(35) 50 минути по полноќ пријавила дека во семејната куќа била физички нападната од сопругот Ј.Т., кој според пријавеното, потоа го нападнал и малолетниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.