Шест лица повредени во сообраќајка на стариот пат Куманово - Скопје
21.11.2020 11:57
| KumanovoNews
Шест лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Куманово - Скопје, на излез од с. Љубодраг.

Сообраќајката се случила во 16 часот помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(23) од с.Умин Дол, кумановско, и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(59) од Куманово.
Во незгодата, кај М.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај возачот Д.Ц. и сопатниците С.Б., С.Е., Е.С. и И.С. биле констатирани телесни повреди, констатирани во Општата болница – Куманово.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.