Шест лица вклучени во програмата за општо-корисна работа во Старо Нагоричане
Општина Старо Нагоричане ангажираше 6 лица за помош на старците во извршување на дел од секојдневните обврски.

Програмата општинско-корисна работа како дел од проектот „Креирање можности за работа за сите“ започна со реализација на 1 септември годинава, а ќе трае 28 февруари догодина.
Ангажирани се 6 невработени лица, активни баратели на работа во Центар за вработување Куманово. Проектот „Еднакви можности за сите возрасти “ е составен од една проектна идеа која се однесува на целната група –стари и изнемоштени лица. Истата има за цел преку развивање на формата посета за стари лица во домашни услови да се пружи психолошка и социјална поддршка како и помош при извршување на секојдневни обврски на старите и изнемоштени лица, организирање на поквалитетно структуирање на времето кои водат кон унапредување на квалитетот на нивниот живот и развој на чувството за припадност во заедницата, - информираат од Општина Старо Нагоричане.
Прокетот се реализира со поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година. Програмата Општинско корисна работа е финансирана од страна на Агенција за вработување на РМ (АВРМ) и UNDP. Вкупен буџет за реализација на активностите на проектот изнесува 324.000,00 денари кој е обезбеден од страна на АВРМ за ангажирање на лицата.