Шест несреќи на работно место во Куманово
29.04.2015 09:21
| KumanovoNews
Во текот на 2014 година во Куманово имало шест несреќи на работно место, покажуваат податоците на Македонското здружение за заштита при работа.

Од нив еден работник загинал, а пет поминале со повреди. Несреќи на работно место најчесто се случуваат во сектор градежништво, рударство, јавна управа и одбрана, транспорт и складирање и други дејности.
На ниво на држава најмногу несреќи лани имало во Скопје 16, а само по една несреќа на работа во Кратово, Кичево, Македонски Брод, Делчево, Демир Хисар и Гевгелија.