Шест нови случаи со коронавирус
14.03.2020 19:21
| KumanovoNews
Вкупно 18 пациенти со коронавирус има во државата, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Денеска се тестирани 12 лица, од кои шест се позитивни на коронавирусот.
Пет од нив се од Дебар и ќе останат на леување во Дебарската болница, бидејќи имале лесни симптоми на настинка.
Една пациентка синоќа дошла во Скопје со летот од Барселона на „Визер“ и сама се пријавила на аеродромот, по што била изолирана и пренесена на Инфективната клиника. Таа предходно имала висока температура и за време на летот носела заштитна маска.
Останатите патници во авионот ќе бидат во самоизолација.
Медицинските лица кои беа тестирани се негативни на коронавирусот.

