Шест новозаболени и еден починат од коронавирус во Куманово
Шест новозаболени од коронавирус се регистрирани во Куманово, од вкупно 136 во државата. Во последните 24 часа направени се 991 тестирања.

По градови: Скопје 46, Куманово 6, Штип 14, Тетово 12, Гостивар 13, Струга 9, Дебар 7, Свети Николе 5...
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526.