Шестмина приведени, организирале борби со кучиња во Куманово
24.03.2026 13:22
| KumanovoNews
Кумановец, заедно со уште пет лица од тетовско и гостиварско, се приведени затоа што организирале борба на кучиња.
„Вчера во 23:00 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Р. (34), А.М. (31), А.М. (27) и Ј.К. (38), сите од тетовско, С.А. (40) од село Черкезе, кумановско, и Н.М. (62) од Гостивар, затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти МВР.