СИМПО на нова локација и со специјални попусти за купувачите во Куманово
„Среќни денови за попуст“ е новата кампања што ја започна реномираната компанија СИМПО, како пролетно изненадување на верните купувачи во Македонија.

Во новиот салон во Куманово, кој се наоѓа помеѓу зградата на ЕВН и Центарот за социјални работи, изложени се најновите модели на мебел со традиционален квалитет од богатиот асортиман на СИМПО, кои можете да ги купите по специјални попусти. Веќе е изложена дел од новата колекцијата од 2017 година која промотивно беше презентирана на Саемот за мебел во Скопје.
„Голем готовински попуст, како и поволности за плаќање има на целиот асортиман. Широк избор на гарнитури изработени од високо квалитена италијанска кожа, гарнитури во штоф, со дизајн на вградени софа без механизми за здраво и секојдневно спиење. На купувачите им се достапни и фиксни модели кои го следат светскиот тренд во производството на мебел“- велат од комапнијата.
Во салонот на СИМПО можете да најдете најразновиден мебел за секој дом или деловен простор, со проверен квалитет во атрактивни бои и материјали, а од плочестиот мебел во салонот, изложени се новитетите изработени од природен фурнир, медијапан, иверица. Производите на СИМПО се традиционално од висок квалитет изработени по високи стандарди за странските пазари.