Син нападнал мајка, полицијата го привела
09.05.2026 13:37
| KumanovoNews
Жител на кумановско село физички ја нападнал својата мајка, по што бил приведен од полицијата.
„Вчера во 19:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Х.С. (46) од кумановско село, затоа што физички ја нападнал неговата мајка“, соопшти МВР.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.