×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сите мора максимално да сме одговорни, доколку сакаме безбеден сообраќај, порачуваат од СВР Куманово

    14.08.2020 11:17 | KumanovoNews

    Поради зголемен број на сообраќајни несреќи во текот на летниот период, проектот „Безбедно во сообраќајот“, од страна на СВР Куманово и РСБСП, денеска повторно беше презентиран на плоштадот во Куманов, каде на граѓаните им се поделија маски и флаери со содржина која укажува на последиците од неодговорноста во сообраќајот.

    Сите мора максимално да сме одговорни, доколку сакаме безбеден сообраќај, порачуваат од СВР Куманово

    Во проектот, под мотото „Летна кампања“ се опфатени сите категории на учесници во сообраќајот. Пораката којашто им беше пренесена на граѓаните e дека сите мора да се однесуваат одговорно. доколку сакаат максимална безбедност во сообраќајот.

    „Целна група се сите граѓани, а се делат заштитни маски со мото на дел од активностите и флаери со безбедносни пораки и друга содржина која укажува на последици од жртви на сообраќајни незгоди и непочитување на сообраќајни правила. Содржините укажуваат на тоа како треба да се однесуваме безбедно во сообраќајот. Не е доволно само дел да почитуваат, а дел не, туку граѓанската совест кај сите треба да биде секоја година на повисоко ниво, за да имаме максимална безбедност во сообраќајот, затоа што таа зависи од сите нас“, рече Виолета Богдановска, раководител на одделот за превенција при СВР Куманово.

    Во рамките на овој проект вечерва во 19 часот СВР Куманово во соработка со мото клуб „Мечки“, пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во 19 часот ќе спроведе и сообраќајна поука за мотоциклисти кои не носеле заштитна опрема. На настанот освен повиканите коишто веќе сториле некој полесен прекршок, ќе можат да учесуваат и останатиите граѓани.

    (Ф.Марковска)