Сите патни правци во Куманово се проодни и нема отсечени села, тврдат од РЦУК
Сите патни правци на територија на Општина Куманово се проодни и нема отсечени села, и нема проблеми при движење на возилата, а сообраќајот се одвива во зимски услови, тврдат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) во информацијата проследена до медиумите.

„Сите локални патни правци во надлежност на Општина Куманово се чисти и проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови. Со оглед на ноќните ниски температури поради влажноста и вчерашните врнежи од снег, тие се склони на подледување и се препорачува внимателно возење. Патиштата кон селските населби кои гравитираат кон градот се во движење и употреба, но сепак поради нивната влажност и заледување и се препорачува внимателно движење. Во целина екипите на локалната самоуправа на целата територија овозможи поврзаност на градот, населбите и селата, со целосно прочистување на сите патни правци и покрај слабите врнежи преку дента, - стои во соопштението на РЦУК.