Скопјанец се повредил со стакло додека бил на распит во полиција
13.03.2019 21:01
| KumanovoNews
Приведено лице од Скопје вчера попладне се повредило со стаклен предмет додека било на распит во просториите на СВР Куманово.

С.С. од Скопје, кој бил лишен од слобода заради кривични дела сторени на подрачјето на СВР Куманово, во Полициската станица неколкупати се удрил со стаклен предмет. Полициските службеници го спречиле да си нанесува повреди и му укажале лекарска помош.
Со повреди се здобил и инспектор од СВР Куманово кој се обидел да го спречи С.С. да се повредува. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.