Мени

Понеделник е неработен ден, следува продолжен викенд

20.05.2026 11:31 | KumanovoNews

Граѓаните ги очекува продолжен викенд поради претстојниот државен празник.

Понеделник е неработен ден, следува продолжен викенд

На 24 мај се одбележува Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кој годинава се паѓа во недела. Согласно Законот за празници и програмата за неработни денови, понеделник, 25 мај, ќе биде неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.

Следни неработни денови се 27 мај (среда), кога припадниците од муслиманска вероисповед го одбележуваат Курбан Бајрам, како и 29 мај (петок), кој ќе биде неработен за православните верници по повод празникот Духовден.