Слупчанка се излеа во липковско
28.03.2015 10:06
| KumanovoNews
Реката Слупчанка утрово се излила во селата Опае, Оризаре и Липково.

Поплавени се ниви по должина на речното корито.
"Ноќеска наврнаа 12.8 литри дожд на метар квадратен во кумановско и тоа придонесе за излевање на Слупчанка, при што е зафатено обработливо земјиште"- велат од РЦУК.
Од РЦУК потврдуваат дека нивото на река Пчиња во Старо Нагоричане е зголемено, но излевања сеуште нема.