Службата за трансфузиологија во нов објект
Службата за трансфузиона медицина, која работи во кругот на Општата болница во Куманово, доби нови реновирани простории.

Реновирањето на стариот објект траеше 7 месеци, а чини околу 6 милиони денари.
Службата за трансфузија започна да функционира во комплетно нов простор, кој претходно не беше реновиран и се наоѓаше во многу лоши услови уште од 1924 година. Со ова се подигна нивото на здравствена услуга во овој прилично сензитивен дел од здравствената дејност,- истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска го посети комплетно реновираниот објект.
Во новите простории ќе се овозможат подобри услови за функционирање и подобра организација на службата која опфаќа пациенти од Куманово и целиот околен регион.
Крводарителството во последните три години во Куманово е зголемено за 15%.