Снег на Страцин, магла на Стража
10.12.2018 08:26
| KumanovoNews
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, информираат од АМСМ.

На некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Врнежи од снег во раните утринските часови се бележат на Попова Шапка, Страцин, планинскиот премин Стража и во Маврово.
Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на планинскиот премин Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.