Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Врнежите од снег добредојдени за посевите и за водостојот на реките.
Со топењето на снегот ќе се подобри хидролошката состојба и почвата ќе има влага.
Долните слоеви на почвата се исушени, само површинските слоеви имаат влага. Ќе бидат потребни дождови како за развој на есенските посеви, така и за подготовка на почва за пролетна сеидба. Водостојот на реките секако дека ќе се зголеми откако ќе почне да се топи снегот во планините. Нема ниски температури за да снегот служи како изолатор, односно нема опасност од измрзнување - вели Томе Цветковиќ, виш соработник по полјоделство во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.
Од друга страна високите температури доведуваат до појава на штетници и веќе во кумановско е забележано присуство на заврус попознат меѓу народот како црн житарец.