Со европски пари ќе се намалува невработеноста во регионот
19.05.2015 09:32
| KumanovoNews
Со 10.000 евра, европски пари ќе се намалува невработеноста во североисточниот регион, информираат од Центарот за вработување Куманово.
Парите се добиени преку литванската и германската амбасада, а ќе бидат потрошени за вработување на млади и ранливи категории на невработени лица.
“Се работи за проект од околу 10.000 евра каде што ќе бидат вработени млади до 29 години и лица од ранливи категории. За проектот ангажирана е фирма провајдер. Центарот за вработување Куманово се јавува како посредник во проектот. Динамиката на проектот понатаму ќе се утврдува“- вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Овие пари ќе бидат вложени за вработување на луѓе од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

