×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со јапонска донација реновирано основното училиште кај Соколана

    22.11.2018 12:34 | KumanovoNews

    Старите ќумбиња ќе бидат минато, откако со пари од Јапонската влада е поставено парно греење и реновиран е објектот на основното училиште „Браќа Миладиновци“, кое се наоѓа во т.н. Соколана, во Куманово.

    Со јапонска донација реновирано основното училиште кај Соколана

     Проектот вреден 54.000 евра овозможи да се инсталира парно греење, сменети се прозорците и вратите, а поставени се и нови подови.

    Во последните 20 години, Јапонија им помогна на 63 училишта во Македонија и нашата подршка е во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Граѓаните на Јапонија се ваши пријатели и среќни се кога ги гледаат успешно реализираните проекти, - изјави Кеико Ханеда, амбасадорка на Јапонија во Македонија.   

    Градоначалникот Масим Димитриевски се заблагодари во име на граѓаните на Куманово за личниот ангажман на амбасадорката и потсети дека благодарение на донацијата старите ќумбиња на дрва се заменети со радијатори во училниците.

     Сакам да се заблагодарам за сите донации на Јапонската амбасада, кои помогнаа да се подобрат условите за живот на кумановчани. Еден од најзначајните е комплетна финсиска поддршка на проектот за изградба на речното корито на реката Липковка. Се надевам дека во наредниот период ќе реализираме уште многу проекти со помош на јапонскиот народ, - изјави Димитриевски.

    Директорката Марина Манојловска, потсети на значењето на донацијата за подобрување на условите за работа во училиштето, во кое настава следат 350 ученици, од две училишта.

    Кога аплициравеме за проектот тоа беше наш сон, кој сега се оставарува. Во благодарам во име на учениците, родителите, наставниците, бидејќи ова значи многу за нас, - изјави Манојловска.

    Свеченоста беше збогатена со приредба и подароци за високите гости.