Со подобри и похумани услови во затворот К'шање се пофали СДСМ
Се наоѓаме пред Затворот во Кшање, современ објект изграден во 2013 година, но до неодамна со услови како од 19 век. Помалку познато е дека до пред две години, оваа установа беше изложена на крајно нехумани услови, - изјави Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово, пред затворот К`шање .

Живот зад решетки без вода и без можност за посета од блиските поради непристапниот пат, се само дел од проблемите со кои се соочувала установата. Затворениците не одржувале хигиена поради немањето вода, а во зимскиот период бил спречен и дотур на храна, лекови и вода.
Ваквата слика на неквалитетно функционирање на затворот е производ на потребите за сечење ленти при било какво свечено отворање и самопромоција, па така поранешниот министер за транспорт и врски во 2013 година потпишува дозвола за употреба на оваа установа од јавен интерес, без основни услови за функционирање, - додаде Пешиќ Бошковска.
Благодарение на совесното работење и заложбите на директорот на КПУ Затвор Куманово, Марјан Спасовски, кој во соработка со Владата, Општина Куманово и со донации од општествено одговорни компании покажува дека зборот важи.
Затворот има континуирано водоснабдување и поставена е атмосферска канализација. Речиси целосно е реконструиран патот до затворот, крак на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, со проширување и поставување гребен асфалт во должина од 1300 м.
Со ова се решаваат најгорливите проблеми на оваа установа, купена е и нова опрема со сопствени средства и воспоставен е нов систем за видео надзор.
Новата слика на Затворот “Куманово” во село Кшање е поинаква од пред две години, слика која ветува значително подобрени услови на оваа установа и која укажува на одговорно и отчетно работење со цел воспоставување на хумани услови и европски стандарди, - заврши Пешиќ Бошковска.