Со стап претепал сограѓанин
26.12.2018 13:08
| KumanovoNews
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д.(24) од село Долно Којнаре за сторено кривично дело тешка телесна повреда, и против Р.Д.(47) и Д.З.(27), двајцата од село Долно Којнаре за сторено кривично дело учество во тепачка.

На 9. декември околу 17 часот во село Долно Којнаре, кумановско, по претходна вербална расправија, настанала тепачка помеѓу пријавените, при што првопријавениот, со употреба на дрво му нанел тешка телесна повреда на третопријавениот.