Со туѓа картичка извадил 15.000 денари на банкомат
17.02.2015 12:29
| KumanovoNews
Кумановец земал платежна картичка од роднина и од сметката извадил 15.000 денари на банкомат.

И.Д.(29) од Куманово со картичка на роднина во три наврати подигнал 15.000 денари на банкомат и ги потрошил за свои потреби. Велешката полиција против него поднесе кривична пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.