Со воена свеченост ќе се одбележи Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон
25.02.2019 10:22
| KumanovoNews
Во касарната „Боро Менков“- Куманово, утре во 12 часот со воена свеченост припадниците од Првиот механизиран пешадиски баталјон ќе го одбележат Денот на единицата 26. февруари.

На прославата ќе се одржи пригоден говор и ќе се соопштат наградените и пофалени старешини, а по завршување на официјалниот дел пред присутните ќе продефилираат војници со дел од вооружувањето, опремата и возила со кои располага единицата.
На прославата ќе присуствуваат гости од локалната самоуправа, правни и физички лица со кои единицата има соработка.
Подоцна делегација од единицата ќе замине во с. Жеглање, каде ќе положи свежо цвеќе на спомен плочата.