Собрани 60 единици крв на вонредна крводарителска акција
Над 60 единици крв се собрани на денешната вонредна крводарителска акција што се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Кумановци се одзваа во голем број на повикот од Заводот за трансфузиона медицина и Црвен крст, по информацијата дека се намалени резервите на крв.
„Потребите на крв во летниот период постојано се зголемуваат, поради поголем број на сообраќајни незгоди и различен тип на повреди. Се трудиме во секој монет да ги покриеме сите потреби на пациентите за крв и крвни продукти“,- изјави др.Бојан Тодоровски од Заводот за трансфузиона медицина од Скопје.
Денешната акција ги дала очекуваните резултати, велат организаторите од Црвен крст.