„Сомнително лице“ ќе игра на фестивал во Кочани
18.05.2015 09:15
| KumanovoNews
Здружението на пензионери Куманово на 30 мај со претставата „Сомнително лице“, ќе настапи на Драмски аматерски фестивал во Кочани.
Со оваа претстава ќе биде затворен кочанскиот фестивал, кој е со ревијален карактер.
Ние се пријавивме за учество, и бевме селектирани од стручно жири. Се работи за претстава во која учествуваат 13 актери и истата трае цели два часа. Очекуваме да прикажеме една добра претстава пред тамошната публика - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
„Сомнително лице“ потоа ќе биде прикажана во Прилеп, Велес и други градови во Македонија.