Сончево со мала облачност
02.12.2018 09:13
| KumanovoNews
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат од 6 до 11 степени Целзиусови.
За утре прогнозата е слична на денешната. Умерено облачно, во западните делови ќе биде облачно со услови за локален дожд. По котлините ќе има појава на магла. Минималните температури ќе се движат од -5 до -3, а максималните од 6 до 13 степени.